Петар Печков
Објавено: петок, 10 септември 2021
Пожар ја зафати околината на Железничка станица Рајко и селото С`лп. За пожарот предупредија повеќе посетители на ТрМр.
Од велешката ТППЕ го потврдија и кажаа дека нивни екипи се на терен
„Гори ниско стеблеста шума и трева. Пожарот е во продолжение на огнот кој на почетокот на неделава гореше помеѓу железнички станици Рајко и Пчиња. За жал освен две екипи пожарникари со осум луѓе и две возила и мештани од С`лп, побрана е помош, но засега ги нема екипите од ШС Бабуна ниту од против пожарната единица на железница“ - кажа Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.
Од ШС „Бабуна“ информираа дека подоцна екипа од петмина нивни вработени дошла на терен каде е огнот и учествува во локализирањето.
Пожарот до 19ч. се уште беше активен.
Tweet |